Skip to main content

Вечерва во Лозово почнува „Овчеполскиот гроздобер 2026“

На фудбалското игралиште во село Лозово вечерва во 19:30 часот со настап на фолклорните друштва со македонски песни и ора ќе почне програмата на годинашниот „Овчеполски гроздобер 2026“, што го организира Општина Лозово.

Програмата ќе продолжи со музички ѕвезди во 22 часот со настап на Ивана Бум Николиќ, а по полноќ и со DJ Jованоф.

Утревечер 7 септември на „Овчеполскиот гроздобер 2026“  од 20 часот ќе настапи  Мирјана Митрева и Колектив Бенд, во 22 часот Тропико Бенд, а по полноќ повторно со ДЏ Јованоф.

Од  Општина Лозово, потенцираат дека во овие две вечери традицијата, музиката и добрата забава повторно се спојуваат на „Овчеполскиот гроздобер 2026“ – празник на грозјето, виното, овчеполската традиција и македонската култура.

Тие како организатори и добри домаќини ги покануваат сите кои сакаат да повелат и дојдат вечерва и утревечер во убавото Лозово, во срцето на Овчеполието и да уживаат во богатата програма и дружење.

Лозово е познато по лозовите насади од кои се подготвуваат најквалитетни македонски вина, по кои селото и го доби и  името Лозово, по преименување од поранешно стари име село Џумајлија, по кое се уште го познаваат постарите генерациии.