
Илјадници курдски борци биле обучени во Израел за да бидат искористени за спроведување копнена офанзива врз Иран, објави израелски Канал 13.
Според објавата, курдските сили требало да влезат во земјата откако израелксо-американските воздушни напади против Иран би отвориле пат низ регионот Курдистан. Таквата курдска офанзива, заедно со планираните широко распространети антивладини протести ширум Иран била предвидено силно да влијае за паѓање на иранските власти.
Сепак, според пишувањето на Канал 13, ваквиот план пропаднал откако неколку денови по почетокот на воената кампања против Иран, Белата куќа сфатила дека антивладините протести никогаш не се случиле, па му наредила на Израел да го запре курдското напредување. Израелскиот медиум додава дека големо влијание на таквата одлука имало и турското противење.

Македонски



