Skip to main content

Почна ракометната Суперлига, Вардар ја почна одбраната на титулата

РК Вардар 1961/Фејсбук

Во воведниот натпревар од новата сезона во македонската ракометна Суперлига, актуелниот шампион Вардар 1961 со победа ја почна одбраната на титулата, совладувајќи го вечерва Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен во Скопје со 31:19.

Вардар од самиот почеток ја имаше контролата врз играта и резултатот и откако на полувреме замина со водство од 18:9 во продолжението рутински го приведе натпреварот до самиот крај.

Фадуил со шест голови, од кои пет од линијата од седум метри, беше најефикасен ракометар во редовите на Вардар 1961, додека на спротивната страна се истакна Симоновски со пет голови.

Во рамки на воведното коло во Суперлигата, утре на програмата се дуелите Бутел – Младост, Алкалоид – Мулти Есенс и Прилеп – Куманово, додека в недела Охрид во дербито го пречекува Еурофарм Пелистер, а Струга е домаќин на Тиквеш.

Поврзани вести