Skip to main content

Вардар го освои и Супер купот

 Министерот за спорт Борко Ристовски му ја честиташе освоената титула во Супер купот на Македонија на Ракометниот клуб Вардар, кој вчера во Гевгелија го совлада РК Охрид и го освои првиот трофеј во новата сезона.

Ристовски присуствуваше на деветтото издание на Ракометниот Супер куп на Македонија, организирано од Ракометната федерација на Македонија, каде во финалниот натпревар силите ги одмерија актуелниот шампион Вардар и финалистот на Купот на Македонија, Охрид.

Со триумфот, Вардар ја освои својата петта титула во ова натпреварување и дополнително го потврди статусот најуспешен клуб во историјата на Супер купот

Поврзани вести