Skip to main content

Во Србија за 30 отсто зголемен бројот на случаи со заболувања слични со грип

Во Србија за 30 отсто е зголемен бројот на случаи со заболувања слични грип во изминатата недела – од 13 до 19 јануари се регистрирани 10.405 случаи, јавија српските медиуми.

Според Институтот за јавно здравје, д-р Милан Јовановиќ Батут вирусот е регистриран во 22 области во државата со среден интензитет.

Досега се вакцинирани приближно 300.000 граѓани на Сртбија, а вакцините се уште се достапни во здравствените установи.

Поврзани вести