Skip to main content
h6LjG_q1tgY

Барселона го декласираше Рајо

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона синоќа го победи Рајо Ваљекано во натпревар со седум гола. Каталонците на „Камп ноу“ славеа со 5:2.

Гостите поведоа преку Серхио Камело во 12. минута. Седум минути подоцна, напаѓачот Рафиња израмни, а потоа домаќините поведоа преку Ламин Јамал во 21. минута. Во 45+1. минута, ВАР системот го поништи голот на дефанзивецот на Барселона, Жил Кунде, поради офсајд.

Дефанзивецот на Рајо Ваљекано, Флоријан Лежен, постигна автогол во 51. Минута за 3:1, а Камело намали со својот втор гол 59. минута. Рафиња (71. минута) и Јамал (90. минута) со своите втори погодоци ја запечатија победата на својот тим.

Со максимални девет бода Барселона е лидер во Ла лига. Рајо Ваљекано со еден освоен бод е на 18. место.

Поврзани вести