
Јубилејниот концерт на „Фолтин“ 30 години од првата средба со публиката што се одржа на 29 август на „Хераклеа“ беше средба што долго ќе се памети, ќе одекнува и долго ќе се прераскажува.

Енергијата од сцената одеше кон луѓето, па се враќаше назад – погласна, послободна, малку побесна. Некогаш како ритам, некогаш како масажа, некогаш како чист адреналин. И така, цела вечер, границата меѓу сцената и спроти неа исчезна. Меѓупросторот се пополна со глас, со движење, со раце во воздух, со смеа, со она препознатливо чувство дека сите заедно сме дел од нешто што се случува само еднаш.

Триесет години Фолтин не се раскажаа. Се отсвирија, песна по песна, поглед по поглед, насмевка по насмевка, здив по здив…

Сцената имаше и свои дополнителни гласови. Со Фолтин беа пријателите Оливер Јосифовски, Алек Секуловски, Дина Јашари, Лука Тошев, и членовите на Дувачкиот оркестар на Битола (Стефан Тасевски, Мирко Митровски, Љупчо Богатиноски) секој од нив додавајќи свој импулс во заедничкиот пулс на вечерта.
Јубилејниот концерт Фолтин 30 години од првата средба со публиката заврши во Хераклеа, завесата на Битфест 2026 се спушти но но прославата продолжува.
Имаме уште многу причини да продолжиме да се гледаме, велат од „Фолтин“.

Македонски


