
Под сомнение дека е дел од руската „флота во сенка“ капетанијата на албанското пристаниште Драч му забрани влез во пристаништето на бродот „Хануман“, танкер со ИMO број 9295048, кој плови под знамето на Сиера Леоне.
Бродот е наведен од страна на Украинската агенција за одбранбено разузнавање (ГУР), и други служби како дел од така наречената „руска флота во сенка“. Во официјалната база на податоци на ГУР, „Хануман“ е класифициран како брод вклучен во транспортот на руска нафта и нејзините производи, што е спротивно на военото ембарго на Г7 и Европската Унија и политиката за ограничување на цените, позната како „ценовна граница“.
Според податоците објавени од украинската служба, во септември 2025 година „Хануман“ транспортирал повеќе од 30.000 тони руски нафтени производи од пристаништето Новоросијск до Турција.
ГУР, исто така, евидентирал случаи на исклучување на системот за автоматска идентификација, како и влез на бродот во руските пристаништа. Објавените податоци за „Хануман“ вклучуваат и некои од пристаништата што ги посетил бродот, вклучувајќи го и Драч.
Одлуката на Капетанија на Драч да не му одобри впловување на „Хануман“ доаѓа во време кога поморскиот транспорт на руска нафта и употребата на така наречената флота во сенка остануваат под зголемено меѓународно внимание.

Македонски


