Skip to main content

Македонски филм. На големо платно: Бесплатна проекција на „Трето полувреме“ на Дарко Митревски в понеделник во Синеплекс

На 31 август во 19:00 часот, во Cineplexx, публиката ќе има можност бесплатно да го погледне „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, филм што покрај силната историска приказна, носи и исклучително богата актерска и авторска екипа.

Во главните улоги настапуваат Игор Ангелов, Митко Апостоловски, Северџан Бајрам, Катарина Ивановска, Сашко Коцев, Софија Куновска – Матевска, Оливер Митковски, Тони Михајловски, Верица Недеска, Емил Рубен, Рихард Самел, Гораст Цветковски и Раде Шербеџија.

Во споредните улоги се појавуваат Мустафа Јашар, Јелена Јованова, Владо Јовановски, Мето Јовановски, Ѕвездана Ангеловска, Петар Арсовски, Бедија Беговска, Салаетин Билал, Аксел Мехмет, Петар Мирчевски, Јордан Симонов, Илко Стефановски и Милан Тоциновски.

Режијата и сценариото се на Дарко Митревски, музиката е на Кирил Џајковски, сценографијата на Иван Вања Бартлинг, костимографијата на Жаклина Крстевска, а продуцент е Роберт Насков. Асистент на сценографија е Кирил Спасески, а асистент снимател Дејан Димески.

31 август | 19:00 часот📍 Cineplexx MK | Влезот е бесплатен

Поврзани вести