
Министерот Тошковски рече дека и за македонските граѓани МВР ќе актвира мобилна апликација „Безбеден град“ за онлајн плаќање за прекршоци, каква што засега е наменета само за автомобили со странски регистарски таблички. Се изненадил, рече, од големиот број прекршоци од странски возачи кои транзитирале низ земјата и нагласи дека казните се применуваат еднакво и за домашните и за странските возачи.
-За шест дена четворица странски државјани кои требало да управуваат моторно возило со максимум 80 (км на час), го управувале моторното возило со 180. И сега, тие не треба да бидат казнети?! Сега ќе ги казнуваме Македонците кога ќе сторат кривично дело и прекршок, а странците што? Нема да ги казнуваме? Еднаквата примена на законите спрема сите – и спрема домашните, и спрема странците е основен принцип во една нормална демократска држава, рече Тошковски.

Македонски


