
Новинар на британски „Гардијан“ и дописник од Иран, Саид Камали Деган, јавно соопшти дека целосно измислил статија за сотојбата во Иран со цел да ги оцрни иранските власти.
Станува збор за текст објавен во летото 2020 година, една година по протестите во Иран на „Зеленото движење“ во Иран, кога во голем број западни медиуми беа објавени статии со слична содржина. Текстот на Деган за „Гардијан“, опишува наводно сведоштво за шокантен инцидент поврзан со каменување жени во Иран, како што се објаснува во текстот, нешто што не се случило во Иран со децении, но се враќало со сегашната власта.
Сепак, авторот сега јавно излезе излезе и призна дека целата статија била измислена, од почеток до крај.

Во објаснувањето за неговите мотиви да ја открие вистината за својата лажна статија, новинарот и се извинува на јавноста и наведува дека не може повеќе да остане тивок, во време кога масовно продолжува практиката за објавување лажни стории во врска со Иран.

Да биде скандалот поголем, статијата за којашто зборува авторот придонесе тој да биде прогласен за Новинар на годината во Велика Британија за 2010 година. И се тоа затоа за измислена приказна.
He won Britain’s 2010 Journalist of the Year award from the Foreign Press Association, btw. https://t.co/dqwxqPts70
— Leyla Hamed (@leylahamed) August 27, 2026

Македонски


