Skip to main content

Германија би можела да го изгуби својот највисок кредитен рејтинг поради растечкиот долг, анализира „Билд“

Германија би можела да го изгуби својот највисок кредитен рејтинг ААА од „S&P Global“ поради рекордните нивоа на долг и недостатокот на економски раст, објавува „Билд“.

Како шт пишува изданието, намалувањето би можело да доведе до нагло зголемување на каматните стапки на германските државни обврзници.

Јавниот долг на Германија моментално изнесува 65,2% од БДП. Следната година, федералниот буџет планира да потроши 629 милијарди евра, од кои 196,5 милијарди евра се поврзани со финансирање на нов долг.

Според „Билд“, економските проблеми на Германија може да се решат само преку решителни мерки. Германија би можела да го изгуби својот највисок кредитен рејтинг поради растечкиот долг.

Весникот посочува дека примерот на Грција треба да послужи како предупредување дека не е важно само нивото на долг, туку и довербата на инвеститорите. Ако долгот брзо расте додека економијата стагнира, последиците би можеле да бидат сериозни.

Поврзани вести