Skip to main content
nweCTi3nm_o

Хуманоиден робот го надмина рекордот на Јусеин Болт во трка на 100 метри

Хуманоиден робот истрча 100 метри за само 9,39 секунди на трка од Светските игри за хуманоидни роботи во Пекинг, надминувајќи го светскиот рекорд за луѓе од 9,58 секунди што го држи Јамајканецот, Јусеин Болт.

Роботот, наречен „Тиангонг Ултра“, кој му припаѓа на тимот Тианжуо, прв ја помина целта, надминувајќи го не само времето од 9,58 секунди на Болт поставено на Светското првенство во атлетика во Берлин во 2009 година, туку и сопствениот рекорд од 21,50 секунди, кој го постави на претходното издание на игрите.

Во истата трка, роботот „Шандиан“ (што на мандарински значи „молња“), од технолошката компанија „Хонор“, заврши втори со време од 9,47 секунди, додека роботот од кинеската компанија „Унитри“ се најде на третото место со време од 12,41 секунда.

Пекинг е домаќин на второто издание на Светските игри на хуманоидни роботи. Настанот собира 666 тима и 2.056 роботи, вклучувајќи 25 странски тимови, во проширена програма дизајнирана да ги тестира и нивните атлетски способности и нивниот капацитет за извршување задачи од реалниот живот.

Натпреварувањето вклучува 51 настан и 1.301 натпревар или натпреварувачки сесии. Тука се вклучени дисциплини како атлетика, фудбал и боречки вештини, како и посложени спортови за машините, како што се пинг-понг, борење и кревање тегови.

Минатиот април, роботите веќе ги надминаа луѓето на полумаратонот во Пекинг, каде што истиот робот „Шандијан“ победи со време од 50 минути и 26 секунди, надминувајќи го светскиот рекорд за луѓе од 57 минути и 20 секунди, иако под различни услови.

Поврзани вести