
Често се случува партнерите да имаат несогласувања при заедничко спиење, односно некој од партнерите да го повлече ќебето на својата страна. Една инфлуенсерка сподели решенија за овој проблем и, како што вели, тоа и го спасило бракот.
Решението што го нуси е едноставно – наместо едно големо ќебе, партнерите треба да имаат две помали. Оваа практика е популарна во Данска, Норвешка и Шведска.
„Скандинавскиот метод на спиење е апсолутно одличен. Би го препорачала на сите и би сакала да знаев за тоа порано“, вели инфлуенсерката Ерика Столманво видеото на ТикТок.
@ericastolmandowdy the Scandinavian sleep method is an absolute game changer. 10/10 recommend ☁️ #scandinaviansleepmethod #danishdesign #danishinterior ♬ original sound – Erica Stolman Dowdy
Коментарите за нејзината препорака се различни. И додека некои тврдат дека ова е „генијален начин да се реши проблемот“, други тврдат дека ова не е иновативна идеја, бидејќи луѓето веќе го користат овој метод, а не живеат во скандинавските земји.
А што велат експертите?
Едниот брачен другар може да има повисока или пониска телесна температура од другиот, што доведува до неусогласеност во потребите за спиење. Познато е дека споделувањето на прекривките води до повеќе будења во текот на ноќта“, е ставот од Американската асоцијација за спиење.

Македонски


