
Денес се сретнав со г-ѓа Лоло Дарин, раководителка за соработка во Амбасадата на Кралството Шведска, за досегашната соработка и можностите за нејзино дополнително продлабочување, објави на социјалните мрежи Викторија Трајков.
Особено ја цениме континуираната шведска поддршка за реформите, јакнењето на институциите и европската интеграција на Македонија, како и соработката со UNOPS во рамки на проектот „Support to European Integration of N.Macedonia“.
Во периодот што следи, фокусот треба да биде на реална имплементација на реформите, јакнење на административните капацитети, унапредување на обуките на јавната администрација и продолжување на подготовката на националната верзија на правото на ЕУ.
Продолжуваме со посветена работа и со силна поддршка од нашите европски партнери кон остварување на стратешката цел – Македонија во ЕУ.

Македонски


