Skip to main content
jbU8ZsxMxVU

Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување

Фото: Принтскрин

Пожарот кај кавадаречката депонија е локализиран благодарение на брзата интервенција на пожарникарите. Во моментов местото се затрупува со земја за целосно ликвидирање на огнот.

„Пожарникарите фрлија тони и тони вода на депонијата, но чадот се шири и ѓубрето таму сѐ уште тлее. Гаснењето продолжува со целосно затрупување на депонијата. Ветерот е поволен и очекувам во текот на ноќта депонијата да биде затрупана и чадењето да биде сведено на минимум“, изјави Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Поврзани вести