Skip to main content
JMlvZxhM2f0

Рома потсети на старите времиња

Рома забележа убедлива победа од 4:0 над Фиорентина синоќа во првото коло од италијанската Серија А.

Напаѓачот на Рома, Дониел Мален, постигна хет-трик. Дваесет и седумгодишниот Холанѓанец постигна гол во 27., 52. и 60. минута. Пауло Дибала асистираше за сите три гола.
Николо Пицили го постигна конечниот резултат во 86. минута.

Холанѓанецот Мален се приклучи на римскиот клуб во зима и постигна 14 гола на 18 натпревари од Серија А. Рома го откупи неговиот договор ова лето од Астон Вила за 25 милиони фунти.

Поврзани вести