Skip to main content

Се доизгаснува големиот пожар кај Струмица

Големиот пожар кој избувна вчера околу пладне и се прошири до градот, поточно до месноста Софилар, се доизгаснува, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Според него, две екипи се на терен и вршат доизгаснување на дрвја и трупци, со цел да се спречи повторно активирање на огнот.

Засега е мирно и под контрола. Но, доколку се појави ветер може повторно да го активира пожарот“, рече Гудев.

Освен пожарникарите, теренот се контролира и со пинцгаурите на Дирекцијата за заштита и спасување, а во функција е и дронот со кој се наблудува теренот.

Инаку, во вчерашниот пожар, која зафати голема површина во атарите на селата Водоча и Баница и стигна до периферијата на Стурмица, до населбата Софилар, изгореа помошни објекти, долгодишни насади, камионска приколка, земјоделска механизација и опожарени се повеќе дворни површини. 

Поврзани вести