Skip to main content

Европјаните се исплашија од новите руски бази за ракетни дронови

Video printscreen
Video printscreen

Новите руски бази на ракетни беспилотни летала претставуваат закана за земјите од НАТО, објавува „Телеграф“, повикувајќи се на комерцијални сателитски снимки и анализа на „DroneSec“. Како што пишува изданието, десет нови бази, од кои сега се лансираат руските беспилотни летала, итно се пренаменуваат за да сместат нови млазни беспилотни летала „Геран-4“ и „Геран-5“.

Нивното производство брзо се зголемува и (според украински извори), руските сили лансираат просечно по околу 100 од овие беспилотни летала на непријателска територија секој ден.

Весникот анализира дека со реструктуирањето на руското производство за да се стави фокус на овој вид муниција, стотици од овие „уреди“ дневно ќе бидат лансирани кон Киев и други градови.

Покрај тоа, нивниот наведен дострел до 1000 км им овозможува на овие бази да лансираат напади не само низ балтичките држави, Романија и Бугарија, туку и кон Турција и приближно половина од од територијата на Полска.

Поврзани вести