Skip to main content

Автомобил излета и се преврте на патот Охрид – Кичево, возачот тешко повреден

Педесет и шестгодишен охриѓанец се здобил со тешки телесни повреди откако со автомобил излетал од магистралниот пат Охрид – Кичево и се превртел.

Несреќата била пријавена на 21 август во 14:30 часот. Според МВР, Љ.Г.(56) управувал автомобил „голф“ со охридски регистарски ознаки кога изгубил контрола, излетал од патот и се превртел.

Возачот бил пренесен во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Поврзани вести