
Вкупно 15 трансплантации на бубрег се извршени годинава на Универзитетската клиника за урологија, наспроти 11 во текот на цела 2025 година, а до крајот на годината се планирани уште три од жив дарител, истакна министерот за здравство, Сашо Клековски.
Тој денеска беше во посета на пациенти во Клиниката, на кои неодамна им биле трансплантирани бубрези, двајца од починат дарител и еден од жив дарител.
Секоја трансплантација е резултат на доверба, тимска работа и посветеност. Продолжуваме да ја зајакнуваме мрежата за трансплантација и да ја поттикнуваме свесноста за дарување органи, бидејќи многу пациенти сè уште чекаат на својата шанса“, додаде Клековски.

Македонски

