Skip to main content

Иран: Заканата на Трамп кон земјите кои ќе соработуваат со Техеран е враќање на колонијализмот

Планираната „економска војна“ на Соединетите Американски Држави против Иран би претсавувала прекршување на меѓународното право. Ниту една држава не може законски да принуди ги банките, претпријатијата или аеродромите на некоја суверена земја, да се откажат од легална трговија со трета држава“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи

Економскиот притисок наменет да принуди суверената држава да ги промени своите легитимни политички одлуки е  спротивно на меѓународното право, нашиша Багаеи на платформата Х.

Реакцијата доаѓа откако претседателот на САД, Трамп, се закани со остри казни против земјите кои продолжуваат да го поддржуваат Иран, бидејќи Вашингтон се стреми значително да го зголеми економскиот притисок врз Техеран.

Техеран истакнува дека таканаречените „секундарни санкции“ преставуваат кршење на Повелбата на Обединетите нации.

Во комбинација со американската поморска блокада на иранските пристаништа, планот на Трамп би го свел суверенитетот на другите земји на нешто „привремено, условно и отповикливо според хирот на друга сила. Крајниот резултат би бил целосна ерозија на суверенитетот како темелна основа на меѓудржавниот систем базиран на ОН и рецепт за целосно враќање на класичниот колонијализам во светот, рече Багаеи.

Поврзани вести