Skip to main content

Брегалница со три гола дојде до трите бода против Башкими

Фудбалерите на Брегалница ја постигнаа втората победа во првенството откако на домашен терен го совлада Башкими со 3:0.

Брегалница поведе со голот на Иван Глигоров во 22.минута, а воедно тоа беше резултат и на полувремето. На 2:0 зголеми Давид Калпачки во 56.минута, а конечните 3:0 ги постави повторно Глигоров што беше втор гол на натпреварот во 73.минута.

На првиот дуел од 4.коло Скопје и Тиквеш одиграа 1:1.

Утре се игра дуелот Шкендија Арачиново и Арсими (почеток 16:30 часот).

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварите меѓу Вардар и Силекс (почеток 17 часот) и Шкендија Тетово – Струга Трим Лум (почеток 19 часот). 

Поврзани вести