Skip to main content

Драган Даутовски со концерт на Врбјанска Чука ќе го отвори јубилејното 15. издание на Prilep Jazz Weekend

Здружението за субкултура „ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП“, организатор на Prilep Jazz Weekend, го најавува првиот настан од јубилејното 15. издание на фестивалот.

Во недела, 23 август 2026 година, со почеток во 18:30 часот, на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука ќе се одржи концерт на познатиот македонски музичар Драган Даутовски.

Настанот продолжува во духот на традиционалната соработка со Центарот за истражување на праисторијата, преку која организаторите ги поврзуваат музиката, културата и археолошкото наследство.

Врбјанска Чука и годинава ќе биде уникатна сцена под отворено небо, овозможувајќи им на посетителите покрај музичкиот настап да уживаат и во специфичниот амбиент на еден од значајните археолошки локалитети во регионот.

Организаторите упатуваат благодарност до Општина Прилеп, Општина Кривогаштани, GURMANO, како и до сите поддржувачи и добронамерници кои придонесуваат за реализацијата на настанот.

Концертот на Драган Даутовски претставува увертира во главната фестивалска програма на Prilep Jazz Weekend, која годинава ќе го одбележи своето јубилејно 15. издание.

Официјалната програма на фестивалот ќе биде претставена на 1, 2 и 3 октомври 2026 година во просториите на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Поврзани вести