Skip to main content

Средба Божиновска-Агелер: Зајакнување на соработката во областа на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Ангела Агелер.

Средбата, како што соопштуваат од Министерството за за енергетика, рударство и минерални суровини, е дел од континуираниот дијалог меѓу Министерството и Амбасадата, а фокусот бил на зајакнување на соработката во областа на енергетиката, вклучително енергетската транзиција, подобрувањето на енергетската ефикасност и поддршката за обновливи извори на енергија.

Министерката Божиновска ја истакнала важноста на поддршката од САД во справувањето со енергетските предизвици. Таа потенцирала дека односите меѓу двете земји се градат на цврсти основи на партнерство и меѓусебна доверба.

Амбасадорката Агелер ја потврдила заложбата на САД за понатамошно зајакнување на енергетската безбедност и стабилност во регионот, нагласувајќи ја подготвеноста за поддршка на иницијативи кои ќе придонесат за одржлив развој.

Средбата завршила со договор за продолжување на редовната комуникација, со цел реализација на поставените приоритети и дополнително унапредување на билатералната соработка.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на промоција на проекти кои ќе ја забрзаат енергетската транзиција и ќе обезбедат долгорочна стабилност за граѓаните и економијата, велат оттаму.

Поврзани вести