
Женската македонска одбојкарска репрезентација до 20 години загуби од Белорусија со 0:3 (19:25, 19:25, 18:25) и во вториот натпревар од групата А од БВА Зонските квалификации за ЕП 2027. Селекцијата загуби со максимален резултат, но понуди одлична игра и силен отпор на теренот во спортската сала „Бијели Бријег“ во Мостар. Разликата ја направи стабилниот блок на противникот и помалиот број на технички грешки во играта во поле.
Првиот сет мина во изедначена борба, а македонските одбојкарки немаа сили во завршницата, додека во вториот сет противничките поведоа и македонскиот тим постојано „бркаше“ негатива. Во третиот сет македонските одбојкарки имаа добар почеток, но техничките грешки во
Сара Горбок со 13 поени, односно Даниела Горбок со 10 поени беа најефикасни во нашите редови.
Шансата за прва радост Македонија ќе ја бара утре, кога во последното коло се соочува со домаќинот БиХ. Почетокот на дуелот е во 19:30 часот.

Македонски


