Skip to main content

Расте побарувачката за хуманоидни роботи

 Акциите на кинескиот производител на хуманоидни роботи „Јунитри Роботикс“ (Unitree Robotics) забележаа спектакуларен пораст на своето деби на Шангајската берза – во еден момент регистриран беше „скок“ за речиси 630 проценти.

Вкупната пазарна капитализација на компанијата со седиште во Хангжу во еден момент достигна 444,9 милијарди јуани (56,9 милијарди евра), објави „Глобал тајмс“.

„Унитри“, компанија позната по хуманоидните роботи кои комуницираат, танцуваат и изведуваат сложени физички движења како што се салто, како и по четириножните роботски кучиња наменети за инспекција на опасни терени, привлече значајни инвеститори, меѓу кои и водечката кинеска компанија за вештачка интелигенција „ДипСик“ и технолошкиот гигант „Тенсент“. з

Поврзани вести