Skip to main content

Клековски: Почина 61-годишен пациент од западнонислка треска, ова е трет случај, шестмина се во критична состојба

61-годишен пациент од едно од афектираните жаришта е третата жртва на западнонилската треска во Македонија изјави на денешната прес-конфренција министерот за здравство Сашо Клековски.

Според министерот, во саботата починал третиот пациент од западнонилска треска. Станува збор за 61-годишен пациент, кој имал и неколку други заболувања.

Во саботата почина третиот пациент, 61-годишен, од едно од афектираните места. Има шест критични пациенти“, изјави Клековски.

На прашањето дали пациентот имал други заболувања, односно коморбидитети, министерот потврдил дека имал неколку.

Поврзани вести