Skip to main content

Мисајловски за Денот на Армијата: Се поклонивме на борците кои ги положија своите животи за слободна и независна Македонија

 Владина делегација составена од министрите за одбрана, за внатрешни работи и за социјална политика, Владо Мисајловски, Панче Тошковски и Ѓоко Велковски, заедно со делегација на Армијата, со воени почести положиле венци на партизанските гробишта во Скопје во пресрет на 18 Август – денот кога е формирана македонската Армија.

Министерот за одбрана Мисајловски на Фејсбук објави дека венци положиле и на вечните почивалишта на претседателите  Борис Трајковски и Киро Глигоров и на генералот Михаило Апостолски.

-По повод 18 Август – Денот кога се формира македонската Армија, се поклонивме на борците кои ги положија своите животи за слободна и независна Македонија. Со воени почести положивме венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта и на вечните почивалишта на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Глигоров и на генералот Михаило Апостолски. Нивната жртва и нивното дело се дел од нашата историја и наша обврска е да го чуваме споменот за нив. Нека им е вечен споменот, напиша Мисајловски на својот фејсбук-профил. 

Поврзани вести