Skip to main content

Тешко повреден работник, паднал од кровна конструкција

На 16.08.2026 во 10:30 часотво СВР Тетово, од Итна медицинска помош Тетово било пријавено дека во с.Боговиње, тетовско, има повредено лице кое паднало од покрив.

-Извршен бил увид на местото, при што е утврдено дека П.Б.(61) од с. Брвеница, додека извршувал градежни работи на куќа сопственост на Н.А. (60) во с. Боговиње, паднал од кровната конструкција, информираат од СВР Тетово.

Притоа, П.Б. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје.

Поврзани вести