
Раководството на Барселона ја упати последната понуда за фудбалерот на Манчестер Сити и шпански репрезентативец Родри. Според шпански АС Барселона ја зголемила понудата и третата изнесува 70 милиони евра. Во каталонскиот клуб очекуваат оваа да биде прифатена.
Но, Манчестер Сити откако ги одби првите две понуди од 45 и од 60 милиони, за својот играч бараат околу 80 милиони евра. Во Барселона сметаат дека ова е превисока, особено што фудбалерот има уште една година важечки договор со „граѓаните“.
Родри сака кариерата да ја продолжи во Барселона и веќе има постигнато четиригодишен договор. Тој претходно ја отфрли можноста за премин во Реал Мадрид.
Според АС ова ќе биде и последна понуда на Барселона до премиерлигашот во овој преоден рок.

Македонски


