
Во американското финале на Мастерсот во Монтреал Бен Шелтон со 2-0 во сетови (6:3 и 7:6(4)) го совлада Брендон Накашима. Ова за него е втор освоен Мастерс 1000 и вкупно седма титула во кариерата. Ова беше прво американско финале на Мастерс 1000 по Синсинати 2003 година.
– Да се игра на начинот на кој играв оваа недела е навистина добро. Особено е добро е што не изгубив ниту еден сет, мислам дека тоа многу зборува за трудот што го вложив, но многу зборува и за мојата ментална цврстина, изјави Шелтон.
Ова треба да биде најава дека се враќа во форма во пресрет на УС опен, што почнува на 30.август.

Македонски


