Skip to main content

Водата во Гостивар може да се пие, потврди кризниот штаб

Гостиварци може повторно да ја користат водата од Градскиот водовод за пиење, водата е безбедна, соопшти денеска  директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, кој е и шеф на Главниот штаб за управување со кризи.

Водата е прогласена за безбедна за пиење откако во три последователни примероци не се најдени бактерии, додаде тој.

Водата во Гостивар беше забранета за пиење од 17 јули, откако институциите утврдија дека пумпи 22 дена внесувале вода со фекалии во градскиот водовод. Заразени се над 5.000 граѓани, од 19 јули е прогласена епидемија, а на 21 јули Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во градот

Поврзани вести