Skip to main content

Радев му порачал на Лајчак дека се надева оти македонскиот државен врв ќе покаже политичка волја и ќе се отвори патот кон преговори за членство во ЕУ

Бугарскиот претседателот Румен Радев изрази надеж дека македонскиот државен врв ќе покаже политичка волја за што поскоро спроведување на европскиот курс, со што ќе се отвори патот на земјата кон преговори за полноправно членство во ЕУ.. Ова како што соопшти прес-службата на бугарскиот претседател, Радев му го порачал на специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и Западен Балкан, Мирослав Лајчак..

Во соопштението се вели дека двајцата разговарале за аспектите на евроинтегративниот процес на земјите од регионот и ја истакнале важноста што Европската комисија ѝ ја придава на темата за проширување на ЕУ..

Поврзани вести