
Екипите на Вардар и на Охрид ги оправдаа фаворитските улоги и забележаа победи во 1.коло на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2026 – Вангел Баљукоски – Баљук“.
На отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ Вардар беше убедлив против Прилеп со 39:29. Во оваа група е и екипата на Бутел Скопје.
Во езерското дерби, Охрид славеше против домаќинот Струга со 37:24. Третиот тим од Б групата е Дубочица од Лесковец (Србија).
Двојките за утре се:
Прилеп – Бутел (18:30 часот)
Охрид – Дубочица (20:30)

Македонски


