Skip to main content

Обвинителството по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Основното јавно обвинителство од Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

Како што соопшти обвинителството, надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици.

Доколку бидат утврдени елементи на  кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, Јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон, се додава во соопштението.

Поврзани вести