
По повод одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот Рамковен договор, заменик-министерката за европски прашања проф. д-р Викторија Трајков учествуваше на панел ,,Иднината на Охридскиот рамковен договор и градење а одржлив мир “ каде истакна дека значењето на овој договор е многу пошироко од историскиот момент во кој беше постигнат.
„Денес не одбележуваме само еден историски датум. Одбележуваме 25 години институционално градење и искуство кое ни покажа дека дијалогот, меѓусебното почитување и заедничката одговорност се темел на стабилно општество“, порача Трајков.
Таа посочи дека искуството од Охридскиот Рамковен договор е особено значајно во контекст на европската интеграција на Македонија.
„Европската интеграција не е само усогласување на законодавството со европските стандарди. Таа значи градење институции во кои граѓаните имаат доверба, еднакви можности за сите и општество во кое различностите се вредност, а не причина за поделби“, истакна Трајков.
Според неа, реформите треба да донесат конкретни резултати за граѓаните и да се претворат во подобри институции, владеење на правото, транспарентност, економски можности и поголема доверба во системот.
„Дваесет и пет години по Охрид, треба да гледаме напред. Нашата цел е Македонија да биде европска, стабилна, демократска и економски просперитетна држава, во која различноста е сила, а заедништвото е предност“, рече заменик-министерката.
Трајков порача дека искуството од изминатите 25 години треба да биде основа за градење на иднината.Охридскиот Рамковен договор покажа дека мирот се гради со дијалог, стабилноста со доверба, а иднината со заедничка одговорност. Сегазаклучи Трајков наша одговорност е тоа искуство да го претвориме во европска иднина.

Македонски


