
Утрешниот ден среда, 12 август во Македонија ќе ни биде најтопол и многу топлиот бран од Африка кој ја зафати Македонија ќе го достигне својот максимум. Температурите насекаде во Македонија ќе бидат над 33 степени, прогнозира Славчо Попоски.
Од УХМР, исто така, велат дека утре нè очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Македонски


