
Градските власти на Приштина го отстранија големиот транспарент „Слободна Украина“, закачен на зграда во центарот на градиот од 2022 година, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети Белград и го потврди непризнавањето на независноста на Косово од страна на Украина.

Градоначалникот Прпарим Рама за симнувањето на транспаретот изјави дека солидарноста продолжува, но „ниту една кауза не може да се гради врз понижувањето на државноста на Косово“.

Македонски


