
Во швајцарскиот град Базел има епидемија на легионерска болест, при што едно лице починало, а 26 се заразени со легионелоза.
Деветмина од заразените се хоспитализирани, од кои едно лице е во тешка здравствена состојба.
Се претпоставува дека извор на заразата се ладилни кули вградени во деловна зграда во Базел.
Легионерската болест е инфекција на белите дробови предизвикана од бактеријата „Легионела пнеумофила“ (Legionella pneumophila). Зразата се пренесува со вдишување капки вода контаминирани со бактеријата.
Поголемиот број заразени се од еден кварт во Базел, но има и неколку поединечни случаи во другите делови од градот, кој е на границата со Франција и Германија.

Македонски


