Skip to main content

По земјотресот во Јапонија, 19 лица се водат како исчезнати во фабрика за хартија и трговски центар

Две лица се пронајдени во состојба на срцев застој, а повеќе луѓе сè уште се водат како исчезнати на две локации погодени од земјотресот во префектурата Кумамото, потврди официјално лице.

Официјално лице од Одделот за управување со катастрофи во префектурата Кумамото за Би-Би-Си изјави дека во фабриката на „Nippon Paper“ во Јацуширо, две лица „биле пронајдени во состојба на срцев застој“, а девет лица сè уште се водат како исчезнати.

Исто така, се соопштува дека четири лица се спасени од трговскиот центар „Aeon Mall“ и нивните животи „не се во опасност“.

Сепак, 10 лица сè уште се водат како исчезнати во трговскиот центар.

Префектурата исто така ги проверува извештаите за истекување на гас, додава официјалното лице.(МИА)

Поврзани вести