
Италијанскиот фудбалски стручњак, Роберто Манчини, ќе се врати во италијанската репрезентација, објави новинарот Фабрицио Романо.
Според Романо, назначувањето на 61-годишниот Манчини наскоро ќе биде официјализирано.
Манчини претходно работеше во Лацио, Фиорентина, Интер, Манчестер сити, Галатасарај, Зенит и Ал-Сад. Тој беше и селектор на Италија и Саудиска Арабија.
Манчини ја тренираше италијанската репрезентација од 2018 до 2023 година. Под негово водство, репрезентацијата го освои Евро 2020 и двапати заврши трета во Лигата на нации (2020/21 и 2022/23).

Македонски



