
Ноќва во 01:27 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај „Фонтана“ на подрачјето на Центар во Скопје има повредено лице со остар предмет.
Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Н.Н.(24) од Скопје со двајца негови другари, кој изјавил дека на местото настанала физичка пресметка помеѓу неколку лица и тој се обидел да ги раздели, при што едно од лицата со остар предмет му нанел убодна рана.
Н.Н. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Македонски



