Алжир испрати порака до Франција дека Французите имаат одговорност да ги отстранат последиците од тестирањето на оружјето за масовно уништување на алжирска територија.
Париз мора да преземе целосна одговорност за елиминирање на последиците од нуклеарните експлозии извршени во алжирската пустина за време на колонијалниот период“, за алжирско радио изјави Салех Гудгил, претседателот на Горниот дом на алжирскиот парламент.
Според Гудгил, алжирскиот народ, особено жителите на регионите во кои биле извршени овие експлозии, сè уште трпат од штетните последици од француската негрижа.
Француската влада ја донесе официјалната одлука да ја почне национална нуклеарна програма во 1958 година. Земјата доби статус на нуклеарна сила по САД, СССР и Велика Британија, за време на владеењето на Шарл де Гол, кога првата француска атомска бомба беше тестирана во пустината Сахара во Алжир во февруари 1960 година.