Skip to main content

Виолета Томовска осум часа со голи раце копала по урнатините за да се спаси со својот братучед по земјотресот 1963

Македонската фолк легенда Виолета Томовска едвај останала жива за време на скопскиот земјотрес во 1963, откако осум часа била затрупана во урнатините заедно со својот братучед, познатиот музичар диригент и композитор Љупчо Мирковски.

Осум часа со Виолета бевме затрупани под урнатините, и благодарение на неа сме живи. Често се сеќаваме на тие моменти кои засекогаш ни ги променија животите. Жив сум благодарение на неа и на нејзината храброст и упорност да нè извлече од урнатините, Мирковски за „Викимедиа“.

Тој се присетува дека во моментот на земјотресот имал само пет години, додека Виолета тогаш имала 18 години. Мирковски открива дека речиси осум часа останале заробени под урнатините, а токму Томовска не се предала.

Виолета со голи раце почна да копа по урнатините. Сакавме да стигнеме до светлина и да повикаме помош. Благодарение на нејзината упорност успеавме, луѓето ги слушнаа нашите повици, направија отвор и нè извлекоа. Немавме тешки повреди, а нашите најблиски беа пресреќни што нè видоа живи, вели Мирковски.

Тој додава дека, иако тие преживеале, неговото семејство претрпело огромна трагедија. Во земјотресот животот го загубиле неговата вујна, како и вујко му, оперскиот пејач Благој Петров Караѓуле.

Поврзани вести