Skip to main content

Честоева за металната конструкција на „Македониум“: За оваа интервенција не е доставено барање за конзерваторско одобрение, наложен е инспекциски надзор кој ја утврди фактичката состојба

Поставувањето на метална заштитна конструкција на споменикот Македониум во Крушево ќе биде предмет на инспекциски надзор, откако Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) соопшти дека за ваквата интервенција не издала конзерваторско одобрение.

Директорката на Управата, Весела Честоева, информира дека иако Македониумот уште во 2025 година бил прогласен за културно добро во опасност и биле утврдени итни мерки за негова заштита, институцијата не добила барање за одобрување на поставувањето на привремената метална конструкција.

За оваа интервенција не е доставено барање за конзерваторско одобрение. Поради тоа е наложен инспекциски надзор, кој ќе изврши увид на лице место и ќе ја утврди фактичката состојба. По завршувањето на постапката јавноста ќе биде информирана, изјави Честоева.

Поврзани вести