
Вчеравечер во 20:30 часот во СВР Тетово од Клинички центар Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 27-годишниот М.З. од Тетово.
Во разговор со полициски службеници, тој изјавил дека околу 19:00 часот во нивниот двор, неговиот чичко С.З.(61) од Тетово ненамерно го прегазил на ногата со патничко возило, кое го управувал наназад, при што се здобил со повредите. М.З. побарал да не се поднесува пријава затоа што било несреќен случај. Полициски службеници излегле на местото, соопшти денеска СВР Тетово.

Македонски



