
Вечерва се заокружува јулската сесија од проектот „Македонски филм. На големо платно” со бесплатна проекција на “Мими” на Даријан Пејовски.
МИМИ – Даријан Пејовски
27 јули | 19:00 часот
Cineplexx
Во главните улоги настапуваат Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ и Стефан Спасов, кои преку силни актерски изведби ја носат емотивната приказна за една млада жена во потрага по припадност, љубов и надеж.
Дојдете да уживаме заедно во современата македонска кинематографија и приказните на новата генерација македонски автори.
Македонски филм. На големо платно.

Македонски



