Skip to main content

СДСМ: Во Гостивар има 4.000 пациенти, а ВМРО-ОКГ вели дека СДСМ шири дезинформации

ВМРО-ОКГ деновиве тврди дека СДСМ шири дезинформации и паника за водата, се наведува во партиското соопштение од СДСМ. 

Во Гостивар ситуацијата е катастрофална.

За само неколку денови има речиси 4.000 пациенти. Болницата е преполна.

Водата сè уште не е безбедна ниту за техничка употреба.

Ова е „дезинформација“?

Додека граѓаните стојат во редови за флаширана вода и полнат болнички ходници, ВМРО-ОКГ се занимава со обвинувања за паника.

Реалноста е јасна:

Илјадници заболени.

Вода што не смее да се користи ниту за миење. 

А тие сè уште зборуваат за „дезинформации“.

Граѓаните во Гостивар не паничат. Тие се разболеа затоа што „црвените светла“ на Мицкоски и Клековски се вклучија предоцна.

Толку правдања и префрлувања, а „црвеното светло” на Мицкоски и Клековски сè уште не работи

Деновиве организираната криминална група ВМРО ги убедува граѓаните дека за труењето на Македонија е виновен некој друг.

Сè додека министерот за здравство Клековски конечно не призна дека не реагирале навреме – затоа што не го виделе алармот.

И повторно: никој од Министерството, никој од институциите не превзема одговорност.

Ете како оваа организирана криминална група ВМРО се однесува кон граѓаните на Македонија.

Никој не им е важен. Сами си се доволни.

Ова е уште еден показател зошто ВМРО-ОКГ, а пред сè Мицкоски, не сака во Европска унија.

Да се случеше ова во некоја земја-членка на ЕУ, сите веќе би биле пред обвинител да даваат изјави.

И веќе би имале кривични пријави.

Кај нас, за жал, правосудството е приватизирано.

Тоа е во сопственост на Мицкоски и работи исклучиво на негов повик – од собраниската говорница, преку медиумите или по телефон.

Граѓаните се трујат. А одговорност никој не презема“, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани вести