Skip to main content

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежните активности за изградба на клучката „Момин Поток“ во Скопје.

Како што најавуваат од владината прес-служба, посетата е закажана за 12:00 часот, а предвидено е премиерот Мицкоски по увидот да даде изјава за медиумите.

Клучката „Момин Поток“ е еден од позначајните инфраструктурни проекти во главниот град, чија цел е подобрување на сообраќајната поврзаност и намалување на сообраќајниот метеж во овој дел од Скопје. 

Поврзани вести